Голем пожар изутринава во Скопје- изгореа ресторан и неколку возила

Ресторан и возила изгореа изутринава во голем пожар во Скопје. Опожарени се 250 квадратни метри, но се уште не е утврдена предизвиканата материјална штета.

За гаснење на пожарот било интервенирано со 8 возила и 18 пожарникари.

Два часа пожарникарите интервенирале на огнот кој што ја зафатил запалената куќа – ресторан, а којшто се прошил и на патнички возила паркирани на улицата Дане Карпчев број 1.

Пожарот, како што информираат од Противпожарната единица на Град Скопје изувнал во 2.55 изутринава, а бил локализиран во 4.55 часот.

 

Translate »