Младите сакаат да бидат лекари и оптичари, тепачка за запишување во овие средни училишта
Полуматураните најголем интерес покажаа за упис во средните медицински училишта. Според податоците од Министерството, сите паралелки по медицина се пополнети уште во првиот уписен рок. Најголем интерес привлекуваат струките: болничар, техничка лабораторија и оптика. Во училиштата „Панче Караѓозов“ и „Марија Кири Склодовска“ одбиени биле над 100 полуматуранти.
„Профилот лаборант и оптика се полни од првиот рок. Сега има слободни места во другите три струки односно техничар за производствени процеси, хемиски – технолошки техничар и третата струка техничар – медицински негувател. Ние уште од презентирањето низ основните училишта им соопштивме на учениците дека по завршувањето на средното училиште лесно можат да најдат место во пазарот на трудот и со продолжување на факултет“, изјави Блерим Небиу- СУГС „Марија Кири Склодовска.
Во средното медицинско Панче Карагозов С=само во првиот уписен рок повеќе од 1 000 полуматуранти поднеле документи за упис во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“, што е речиси двојно повеќе од слободните места.
Во стручното училиште „Димитар Влахов“ е исполнета само паралелката односно струката фризер, а празни места има во насоките: техничар по козметика и хемиско – технолошка струка.
„За хемиско – технолошката струка, за техничката прехранбена насока и техничар нутриционист се пријавени двајца кандидати, за кои едниот ги исполнува условите, но верувам дека во останатите уписни рокови, со намалување на бодовите, и другиот кандидат ќе ги исполнат условите. За обработувач на месо немаме кандидат, за издавач исто така немаме пријавено ниту еден кандидат“, вели Џејлане Алији- „Димитар Влахов“.
Во првиот уписен рок се запишале 11.697 ученици, од кои 9.167 за настава на македонски јазик, 2.401 за албански, 110 за турски јазик и 19 повторувачи. Во вториот уписен рок кој ќе се одржи на 28 јуни има слободни места за 24 илјада ученици. Од нив, 6.000 слободни места се во насоката гимназија и околу 18.000 за стручните насоки. Инаку, вториот уписен рок е во август.