Црвено мочуриште: феномен кој „мами“ туристи од целиот свет

Во Кина се наоѓа „црвеното мочуриште“ феномен кој „мами“ туристи од целиот свет. 

Коритото на реката Шуангтаизи во североисточниот дел, секоја година е посетувано од огромен број на туристи кои сакаат да се уверат во посебноста на ова мочуриште. 

Мочуриштето ја добива уникатната боја од “Suaeda maritima”, едногодишно растение кое расте во солените води.

Оваа необична билка покрива 130 квадратни километри од мочуриштето во „тепих” со црвена и розова боја. Токму поради високата соленост совршено ѝ одговара мочуришното тло на Панџин, како и на бројните животни кои живеат таму, а во овој природен резерват има повеќе од 260 видови птици и 399 видови други животни.

Translate »