Континуирано ги подигаме стандардите во индустријата за организирање на настани: Сунчица Бојаџиева, Директор за евент менаџмент во Публицис

Луѓето кои ја познаваат Сунчица Бојаџиева знаат дека за неа ништо не е невозможно. Упехот во нејзината работа го темели на нејзината кретивност, истрајност и во носењето храбри одлуки. Таа е дел од Публицис Скопје веќе 20 години и во текот на овој долг временски период, со својот тим за Event Management имаат реализирано стотици успешни проекти, големи настани, промоции и прослави со кои се гордеат клиентите, но уште повеќе компанијата и колегите кои се дел од нејзиниот тим. Минатиот месец го реализираа најголемиот „аутдор“ настан во историјата на град Скопје, по повод 100-тиот роденден на Скопско. Навистина голем спектакл каков не паметат Скопјани. Со неа разговараме за нејзината мотивираност, пристапот кон работата, како и за тоа што значи да се биде од Публицис Скопје.

Сунчица Бојаџиева

Колку голем предизвик е да се работи во интернационална агенција како што е Публицис? Кои се предностите на работењето во организација која има влијание насекаде низ светот?

Сунчица Бојаџиева: Работењето во Публицис за мене е повеќе од само работа, тоа е начин на живот кој ме учи на постојана адаптација, на учење и на пронаоѓање нови начини за креативно решавање на предизвиците. Да се биде дел од глобална комуникациска агенција значи дека секој ден е нова можност за надминување на границите, за донесување свежина во она што го правиме и за создавање искуства што оставаат траен впечаток.

Најголемиот предизвик е како да останеме автентични на нашиот пазар, а истовремено да се усогласиме со глобалните стандарди. Тоа бара суптилна игра помеѓу иновативноста и чувството за луѓето и културата околу нас. Јас секогаш се трудам да го прифатам локалниот дух и да го оживеам во глобалната визија, така што секој настан и проект стануваат повеќе од само успешни, тие стануваат уникатни приказни што ги паметиме.

И кога стојам пред нов проект, не размислувам само за тоа како да ги задоволам очекувањата, туку како да ги надминам и да донесам вистинска инспирација, како за клиентите, така и за сите нас во тимот.

Изминатиов период Публицис Скопје ги организираше едни од најголемите настани некогаш посведочени во главниот град – по повод 100 години Скопско-најголемата журка која се одржа во Градскиот Парк со многу домашни артисти, фантастични настани за Телеком, IQOS, потоа 150-от роденден на Heineken, за чија цел беа собрани 150 диџеи кои настапија на отворено во Градскиот парк. Настани кои добија многу внимание и пофалби од јавноста и медиумите, но колку е тешко да се реализира една ваков грандиозен настан?

Сунчица Бојаџиева: Првите големи настани секако се поврзани со Телеком, или во тоа време Т-Мобиле. Најголемиот семеен ручек, Холограмскиот концерт на Мараја Кери, големото спојување на Т- Мобиле и Т- Хоум со џиновски концерт на улица. Тоа беа првите големи настани со кои ги поставивме стандардите на евент менаџмент индустријата во земјава.

Би истакнала дека по повод 100-от роденден на Скопско организиравме исклучителен настан кој изобилуваше со неверојатно модерна и содржајна комбинација на визуелни ефекти, популарна домашна музика и многу емоција од над 50.000 илјадната публика.

100 години Скопско и сѐ е можно!

За Heineken во Градскиот парк во Скопје, организиравме целодневна забава на отворено. со вкупно 150 диџеи, на 5 различни сцени, во повеќе од 12 часа го исполнивме паркот со музика од попладнето, па се’ до доцна во ноќта. Настаните пак за IQOS изобилуваа со креативност и примена на најнови технологии за визуелизација. Секако дека без нашите клиенти кои имаат доверба во нас, не би можеле да направиме големи и извонредни настани.

Посветеноста и напорната работа минатата година ви ја донесе наградата за најдобра Евент менаџмент агенција во земјава. Освоивте три награди на Beam Festival 2024.

Сунчица Бојаџиева: Наградите, но и самите успешни настани за паметење се резултат на напорната работа и на синергијата во Публицис Груп тимот задолжен за организација на настани, кој постојано покажува дека не постои предизвик доволно голем за не изненади. Годиниве организиравме автентични настани за клиентите Македонски Телеком, Philip Morris, Скопско и Скопско Smooth, Heineken, Avon, UNICEF,  Мерцедес, НЛБ Банка, Виталиа. Што севкупно ни овозможи да бидеме избрани за најдобра агенција за настани (Најдобра BTL агенција)  на Beam Festival 2024. Наградите за Најдобар настан за бренд активација и Најдобар културен/музички настан Публицис Груп Скопје ги доби за организацијата на настанот „150 DJ-и за 150 години Heineken: Незаборавни искуства“ – настан кој го привлече вниманието на целата јавност во регионот и претставуваше вистински хајлајт на летото 2023.

Вашиот оддел е познат и по тоа дека секогаш е во чекор со времето, па меѓу првите ги прифати иновативните решенија кои ги овозможува денешницата. Еден таков пример е употребата на AI технологијата во процесот на подготовка на кампањите и настаните за клиентот IQOS, чиј производ е исто така инспириран од напредокот на технологијата. Ја реализираввте и првата онлајн конференција, што во тоа време беше вистински предизвик?

Сунчица Бојаџиева: Кога се работи за продукт или услуга кои сами по себе се исклучително технолошки напредни, како IQOS на пример, природно се наметнува потребата од интеграција на иновативни решенија во целиот работен процес. Во секој од проектите за IQOS користиме ВИ низ целиот работен процес. Од интерпретација на бриф, сѐ до самата егзекуција на настаните. Од појавата на ВИ алатки и инструменти, во сите настани на IQOS на некој начин е вклучена вештачката интелигенција.

Како што напоменавме на почетокот, вие сте дел од истиот победнички тим веќе 20 години. Од сето богато искуство и собрано знаење, што сметате дека е највредната лекција која ја научивте од Публицис Скопје?

Сунчица Бојаџиева: Дека нема нешто што е невозможно и што не може да се реализира! Треба само да посакаш. Кога ја сакаш својата работа, и кога имаш околу себе тим составен од професионалци се е остварливо. Важно е да си оптимист, да бараш решенија и можности, дури и во ситуации од кои многумина би се откажале. Таква сум и по природа, упорна, конзистента, никогаш не се откажувам од она што сме зацртале дека треба да го направиме.

Во Публицис водам креативен тим на професионалци во делот на Even Management, на кој сум многу горда. Морам да ја истакнам и одличната соработка со останатите оддели во нашата агенција, со одделите за креатива, ПР, продукција и медиуми. Имаме одлична комуникација, се надополнуваме, секој на секого е поддршка, и во пракса фукционираме одлично. Токму таа синергија, но и постоењето на различни оддели е она што ја прави нашата агенција посебна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Translate »