Златко Бисковски – Deni Internacional: Дигитализацијата носи предност над конкуренцијата, но само ако се користи правилно

Дигитализацијата на бизнисите е најважниот чекор во модерното време –ги осовременува процесите на работењето и  станува неизоставен дел од секој успешен бизнис. Но, и покрај придобивките, носи и ризици за кои претприемачите треба да бидат претпазливи.

Како релативно ново технолошко решение, дигиталните сертификати се ефективна, но не и доволно искористена алатка во модерните бизнис процеси. Дигиталниот сертификат за потпис и печат е наменет за верифицирање на документи кои се издаваат во електронски облик. Со него се потврдуваaт идентитетот на корисникот и веродостојноста на испратениот документ, или наједноставно кажано – електронската комуникација станува безбедна. Како корисник на оваа алатка, Златко Бисковски, заменик директор на Одделот за царини во шпедитерската компанија Deni Internacional, зборува за неговото искуство со дигиталните сертификати.

Брзина, ефективност, ефикасност – зборови кои го опишуваат она што се бара од современиот бизнис. Сепак, не секој претприемач знае како да го извади најдоброто од бизнисот. Со кои предизвици се соочувате при раководењето со вашата компанија во модерното време?

  • Со дигитализацијата се добива голема предност во однос на конкуренцијата, но само доколку се користи правилно. За жал, слабата обученост на кадрите и од страна на корисникот и од страна на давателот на услуги, неинформираноста, слабите софтверски решенија во системите кои се врзани еден со друг, поточно некоординираноста помеѓу нив, се дел од најголемите предизвици во раководењето со бизнисот во денешницата. Затоа е многу важно да се избере вистинскиот партнер за дигитализација и вистински бизнис модел којшто ќе функционира на долг рок, со кој ќе се надминат предизвиците со одржувањето, поврзувањето, инфраструктурата и безбедноста на податоците.

Поедноставувањето на работните процеси е добредојдено, особено за шпедитерски компании како вашата, на кои времето, достапноста и ажурноста им се клучни елементи за успех. На кој начин дигиталните сертификати на Македонски Телеком ви помагаат да ги остварите вашите цели?

  • Со дигиталните сертификати обезбедени преку Македонски Телеком успеваме да ги зачуваме одговорноста и сигурноста – две вредности на кои се темели нашата компанија. Исто така, многу значајна придобивка е и заштедата на време, со што се олеснува процесот на верифицирање на документите.

Дигиталната револуција е во полн ек и нејзиниот ефект се чувствува во сите сегменти од животот: од рекреација, информирање и образование, сè до бизнисите – мали, големи, па дури и цели индустрии. Опциите што ги нуди дигитализацијата и иновативните решенија што беа креирани изминатите години направија претприемачите да можат целосно да се потпрат на технологијата и на тој начин да извадат максимум од својот бизнис.

Бизнисите во денешницата се потпираат на иновација, на прифаќање и отвореност кон новото, на искористување на максимумот од понуденото… Мојот совет е сите претприемачи од нашата земја да делуваат веднаш, што побрзо – тоа подобро, бидејќи сè се сведува на дигитализација, вели Златко Бишковски, заменик директор на Одделот за царини во шпедитерската компанија Deni Internacional.

Translate »