Шокантно! Родители го претепале своето бебе, што морало да му ги ампутираат нозете
46-годишниот Тони Смит и неговата 24-годишна партнерка Џоди Симпсон од Кент во Велика Британија, биле осудени на 10 години затвор поради злоупотреба и насилство врз сопственото дете. Детето толку било удирано, што од повредите морале да му ги ампутираат нозете.
Малото дете, кој го носи името на својот татко, за малку ќе починело од сепса.
Условите во кои живеел парот биле во најмала рака ужасни. Низ целиот стан биле расфрлени валкани алишта, а во детското креветче имало ѓубре.
Покрај за обид за убиство, Тони и Џоди биле осудени и поради суровост кон детето, бидејќи не повикувале помош кога на бебето му се слошувало.
“Детето беше сиво, натечено, му откажуваа органите, имаше скршени коски…благодарение на брзата реакција на лекарите животот му беше спасен”, се слушнало на суд.
Експертите утврдиле дека родителите го влечеле, фрлале и тепале малиот Тони и тоа најмалку 10 дена пред конечно да го однесат на лекар. На неговото кревко тело повредите биле толку тешки, што морале да му ги ампутираат двете нозе, а колковите му биле толку слаби и оштетени што можеби нема да може да носи ни протези.