Новото име на Македонија ќе биде ЦБР , вели српски историчар
Српскиот историчар Александар Раковиќ за” Спутник” вели дека Македонија ќе се федерализира по пример на Белгија и ќе го промени името во Централна Балканска Република (ЦБР). – Македонија стана приоритет за САД. По влезот на Црна Гора во НАТО, САД сакаат по секоја цена да ја бутнат и Македонија во Алијансата, вели Раковиќ.
Планот предвидува Македонија да прифати ново име, но и да се федерализира во две единици : македонска Mакедонија и албанска Илирида, вели историчаторот .. .https://rs.sputniknews.com/analize/201712281113976082-makedonija-federalizacija-podela-belgija-/
Грчките весници Нуз 24 и „Параполитика“ пренесуваат дека заменик претседателот на грчката десничарска партија Независни Грци, Панајотис Сгуридис, помалиот коалициски партнер во владата на премиерот Алексис Ципрас, побарал референдум за прашањето за името на Македонија.
Сгуридис изјавил дека неговата партија нема да гласа име кое ќе го содржи зборот „Македонија“, и додаде дека „предлогот на Независни Грци е името „Централна Република на Балканот“.