Кога да земате магнезиум за подобар сон: Ова е идеалното време

Проблемите со спиењето станаа секојдневна појава за голем број луѓе, а магнезиумот е меѓу најчесто споменуваните додатоци за релаксација и подобар одмор.

Овој минерал учествува во работата на нервниот систем, релаксацијата на мускулите и регулирањето на хормоните поврзани со спиењето, поради што многумина го користат во вечерните часови.

Експертите наведуваат дека е најдобро да се зема магнезиум помеѓу 30 минути и два часа пред спиење. На овој начин, телото има доволно време да започне процеси на релаксација што можат да помогнат полесно да заспиете и да спиете помирно.

Многумина ги забележуваат првите резултати по неколку дена, додека целосниот ефект често се развива по една до две недели редовна употреба.

На пазарот постојат неколку видови магнезиум, но не сите се подеднакво ефикасни кога станува збор за спиење. Препорачаните дневни количини за возрасни обично се помеѓу 200 и 400 милиграми дневно. Магнезиум цитратот e добра опција, и исто така добро се апсорбира, додека магнезиум оксидот се смета за помалку ефикасен поради послабата апсорпција.

Експертите посебно истакнуваат дека потребните количини на магнезиум денес тешко се обезбедуваат преку исхраната поради осиромашената и загадената почва, и модерното земјоделско производство кое употребува премногу вештачки додатоци. Тоа не значи исклучување од исхраната на зелен лиснат зеленчук, јаткасти плодови, мешунки и интегрални житарки, но и дека повеќе од неопходни се додатоците во исхраната.

Во однос на суплементите, нутриционистите посочуваат дека различните форми на магнезиум имаат различна искористливост во организмот. Органските форми, како магнезиум цитрат, обично подобро се апсорбираат во споредба со некои неоргански форми. Македонската компанија Натура Терапи нуди на пазарот ваков квалитетен производ Магнезиум цитрат, произведен по германски стандарди.

„Магнезиумот учествува во повеќе од 300 биохемиски процеси во организмот. Неговото оптимално ниво е значајно за стабилен срцев ритам и нормална васкуларна функција“, посочува нутриционистот Сашко Дрвошански. Тој истакнува дека бројни истражувања укажуваат дека дури и умерениот недостаток на магнезиум може да придонесе за зголемен крвен притисок, мускулна напнатост и чувство на замор. Но и дека недостатокот на магнезиум не е единствената причина за кардиоваскуларни проблеми, туку дел од поширока слика која вклучува повеќе ризик-фактори.

Translate »