Kарактерот на жената е обоен во различни нијанси, знаете ли која е вашата?

loading...

Секоја, ама баш секоја жена е убава на свој, посебен начин. И секоја жена заслужува да го знае тоа и да знае како да го истакне. А македонските жени?

Токму затоа, многу од нив веќе се заљубија во новата линија на кармини на Орифлеим, кои одговараат на секоја жена и девојка и на нивната уникатна убавина и карактер.

10-те прекрасни нијанси на “The ONE” кармините варираат од неутрални и нежни, па се’ до игриви и силни, токму како и девојките кои ги бираат. Запрашавме неколку од нив зошто ја одбрале нијансата на кармин која ја носат, и останавме изненадени од тоа колку се тие различни, а сепак подеднакво убави на свој начин:

Ја користам Nude Appeal нијансата и многу ми се допаѓа бидејќи по природа сум доста срамежлива и не користам силни бои кога се шминкам. Изгледа речиси како да не носиш кармин, но дава исполнетост и дефиниција на усните, што ми ги дава тие 10% самодоверба што веројатно ми недостасуваат” вели Марина, 24 годишна студентка.

 

Според Марија, 28-годишна правничка и дизајнерка на накит, секоја девојка е посебна на свој начин. За неа грижата за лицето, е особено важна. Користи хидратантна крема за лице, поретко маскара со четкичка за очите, но редовно користи кармин. Независно дали ќе се симне само до продавничка, на факултет или на вечерно излегување. А кога ја прашавме за нијанса или боја, нејзиниот одговор беше: „Морам да издвојам еден? Се шегувам, само навистина сум таква по природа, сакам да експериментирам. Не ми е грижа што мислат другите, шминкањето за мене е забава и сакам да изгледам поинаку и да ме забележуваат. Затоа одбрав две интересни нијанси, едната е розова – Magenta Mania, а другата портокалова – Tempting Orange. Совршени се за пролет и лето, а толку ми се допаѓаат што дури и ги комбинирам двата – на горната усна ја носам едната нијанса, а на долната ја носам другата! Забавно, нели?”

Но “The ONE” кармините имаат нешто и за оние посериозните:

„Се водам по правилото “Или нашминкај се како што треба, или не се шминкај воопшто”. Не сум од оние жени што се благословени со совршен тен за да можам да поминам само со маскара и сјајче за усни, па затоа бирам интензивен, впечатлив кармин кој ја рефлектира мојата цврста и сериозна внатрешност. Со Cherry Crave нијансата изгледам и се чуствувам моќно, а и поради огромниот обем на обврски што ги имам во текот на денот важно ми е што бојата навистина стои долго и усните ми се хидрирани, вели Елена од Скопје која новите кармини дозна од медиумите, и брзо потоа се јави кај нејзината пријателка која е дел од мрежата на Орифлеим

Какви сте вие и која нијанса би ја одбрале? Која и да е, носете како што само вие знаете, и не заборавајте дека сите сме убави на свој начин! https://www.facebook.com/oriflamemacedonia/.

 

Translate »