(Видео-Фoто) Венеција Тоне: 75 отсто од копното под вода-главната атракција затворена
Венеција е поплавена а четири лица ги загубиле животите, пренесоа светските медиуми.
И туристите и жителите низ Венеција се движеле во чизми откако ветер го подигнал нивото на морето за 156 цм пред да ослабне. Водата преминала преку издигнатите пешачки мостови и ги приморала властите да ги отстранат. Запрен е сообраќајот на водените автобуси освен за островите.
Венеција честопати се поплавува кога силни ветрови ќе ја протераат водата од заливите, но нивото во текот на вчерашниот ден било највисоко од декември 2008 година.
Тој град е познат по поплавите кога силни ветрови дуваат во вода од лагуна, а како се наведува, денешното ниво на вода е највисоко од декември 2008 година, пренесе АП.
Во големиот дел на Италија на сила е предупредување на поплави поради силните дождови, а проблемот само го влошува лошото одржување на бројни речни текови. Ветровите уривале дрвја, и така четворица минувачи го изгубиле животот во подрачјето на Наполи и Лацио.