Џиновски дупки во Америка се закануваат со земјотреси

Дупките кои настанале поради експлоатирање на нафта и гас придонесуваат за создавање на масивни дупки во западен Тексас, кои може да доведат до разни земјотреси.

Според зборовите на геофизичарот од јужниот методистички универзитет, земјиштето полека пропаѓа. Во Тексас има речиси 297.000 нафтени бушотини. Многу од нив се наоѓаат во Пермскиот басен.

“Овие работи претставуваат опасност за жителите, патиштата, пругите, насипите, браните и нафтоводите, а може да предизвикаат и загадување на подземните води”, рекол професорот Зонг Лу.

Лу и неговиот соработник Џин Ви Ким ја истражувале врската меѓу овој феномен и човековата активност. Двајцта научници во истражувањето, објавено во журналот “Scietific Reports”, покажале дека земјиштето значајно се поместило на површна од околу 6.500 квадратни километри на западот на Тексас. Со комбинирање на сателитските снимки со податоците за нафтените бушотини во регионот, тие заклучиле дека ова нестабилно земјиште е поврзано со децениското црпење на фосилни горива.

Познато е дека техниката на црпење на нафта и гас, позната како “Фракинг” или хидраулично фрактурирање во кое во бушотината под притисок се внесува мешавина на вода и хемикалии, е поврзана со геолошките хазарди.

Talk Fracking@talkfracking

Giant sinkholes are threatening to swallow parts of Texas: oil & gas extraction is to blame https://buff.ly/2E7TGyE 

Вбризганата смеса го зголемува притисокот на карпата која пука и ослободува гас, што предизвикува поместување на земјиштето. Поместувањето на земјиштето по примената на овие техники на црпење и нестабилните формации на карпите во западен Тексас, може да доведат до земјотреси.

Вбризгубањето на отпадни води и јаглерод диоксид го зголемува притисокот во карпите, што најверојатно е причина за кревање на земјиштето.

rental@rentalrepair

Translate »