“Доеше пред мојот сопруг, а потоа ме испрска и со млеко”, приказната на оваа жена го разбесни Интернетот
Една жена на социјалните мрежи се пожали од мајка која доела во јавност пред нејзиниот сопруг на кој “е лесно да му се привлече вниманието” и одлучила да испрати лута порака. Иако веројатно очекувала дека ќе добие поддршка од јавноста, таа го добила спротивното.
“Жената смета дека е соодветно да го дои своето бебе додека моето дете и сопруг, на кои лесно може да им се привлече вниманието седат во нејзина близина. Мислам дека не требаше така да реагираш само поради тоа што ти реков да заминеш на некое поинтимно место. Ми рече да оде*ам и ме испрска со млеко од градите, а тоа не беше предизвикано од ништо. Се надевам дека се срамиш”, напиша таа.
Интернетот брзо ја спушти на земја, застанувајќи на страна на мајката која доеше.
“Нејзината реакција не е во ред, но зошто не би смеела да го дои бебето во јавност? Ниту јас не би избирала зборови доколку ми речеше да се тргнам. Нешто не е во ред со луѓето кои сметаат дека е неприкладно доколку здогледаат некоја мајка како во јавност го дои бебето”.
“Си го доби тоа што си го заслужи. Доколку не ти се допаѓа, не гледај. Доколку не му веруваш на сопругот, реши го тоа со него. Ти ги наруши нејзините права кога ѝ го кажа тоа, не таа твоите”.
“Се надевам не си сериозна. Детето не треба да јаде, бидејќи вниманието на твојот сопруг може лесно да биде привлечено? Зарем никогаш не видел гради? Можеби требаше да му ги покажеш твоите па за во иднина да не се случува тоа. Ако е вистина тоа што те испрскала, денот ми се разубави”.
“Единствените интимни места на јавни површини се обичните тоалети. Се сомневам дека авторката на оваа глупава објава би отишла во тоалет да јаде па зошто тоа и другите не би го правеле? Среди се”.