Kалуѓерки заработуваат милион евра годишно од марихуана: Започнале работа со само 12 билки, а успеале да излечат 8 лица

Три калуѓерки од САД заработуваат речиси милион евра годишно од производство и продажба на марихуана во здравствени цели.

Тие одлучиле самите да одгледуваат и продаваат марихуана, а проектот го започнале пред седум години со само 12 билки. 

Калуѓерките тврдат дека со своите производи успеале да излечат дури 8 луѓе од нивната зависност, а марихуана одгледуваат за да лечат луѓе од болести како рак и епилепсија.

“Работевме со неколку луѓе кои се зависни од алкохол, цигари или некои видови на дрога. Успеавме да ги излечиме, сите се чувствуваат многу подобро”, рекла сестрата Кејт.

Таа марихуаната ја нарекува прекрасна билка која “лечи на посебен начин”.

“Светот полека се повеќе се отвора кон идејата да го користи канабисот како лек, а не како опасна дрога”, вели таа.

За овие калуѓерки е снимен и документарец, а тие се надеваат ќе успеат во борбата против законот кој забранува користење на марихуана.


Translate »