Koронавирусот не излегол од лабораторија?

Уште се утврдува од каде потекна коронавирусот, кој уште „коси“ во светот. Исклучително малку веројатно е дека вирусот ковид-19 излегол од лабораторија во Кина.  Ова го тврди експертската група предводена од Светската здравствена организација (СЗО). Меѓународниот тим кој работи на разбирање на потеклото на вирусот неодамна ја заврши својата едномесечна истрага во центарот на Кина, каде беа откриени првите инфекции во декември 2019 година.

„Нашите првични откритија сугерираат дека воведувањето преку посреднички вид домаќин е најверојатната патека и за која ќе бидат потребни повеќе студии и поспецифични насочени истражувања“, изјави експертот на СЗО, Питер Бен Ембарек, на денешната прес-конференција во Вухан.

Ембарек додаде дека вирусот е внесен во Вухан од патници или преку замрзнати производи од диви животни од други кинески региони или земји. Вели дека понатамошните истражувања не треба да се фокусираат само на Кина, туку и на други држави во Азија и пошироко. Досега во светот се потврдени повеќе од 107 случаи на коронавирусот. Има и повеќе од 2.3 милиони починати од опасниот вирус. 

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, денес изјави дека појавата на нови видови на коронавирусот покрена прашања дали постојните вакцини ќе функционираат и против нив. Тој вели дека има загрижувачка вест дека постојните вакцини би можеле да бидат помалку ефикасни против видот откриен во Јужна Африка. 

Translate »