Поповска: Груевски ме уценуваше со 9 годишна казна затвор за мојот зет!
Во дел од интервју за порталот мактел Лиле Поповска тврди дека кога решила да излеземе од владината коалиција во 2015-та, Груевски ме уценуваше со девет годишната казна затвор на мојот зет за сестра!
Мактел: Зошто тогаш чекавте толку долго да излезете од владата на Груевски?
Лиле Поповска: Затоа што бев уценета на најподол можен начин.
Мактел: Со што уценета?
Лиле Поповска: Јас долго време верував дека ВМРО ДПМНЕ е патриотска партија, тврдам дека од 2006-та до 2010-та владата работеше феноменално, но потоа почна да забегува, кога почнавме да увидуваме дека работите веќе не течат во правилна насока, почнавме полека да се дистанцираме, па така во 2013-та решивме на локалните да одиме сами, и полека во 2014-та донесовме одлука на изборите да одиме сами и на парламентарните, но тогаш добив уцена со тоа што ни направија судско-полициска местенка и ни уапсија пола раководство на партија меѓу кои и мојот зет за сестра Перо Јосифов и ги пикнаа во притвор за комичен монтиран случај од кој им се закануваше затвор од десетина години на секој од нив.