Владо Илиевски-5 работи кои би ги сменил
Владо Илиевски е легенда на македонската и европската кошарка. Стрелец на можеби најважниот кош во нашата историја. Член на веќе култната репрезентација од европското во Литванија. Како играч дел од најдобрите европски клубови, Барселона, Унион Олимпија, Сиена Монтепаски, Цибона, Ефес, Лотоматика, Партизан, Работнички….Оние кои го познаваат знаат дека станува збор за чесен човек, етичен, кој секогаш се стреми за поголеми цели, и кој со многу страст и емоции ги прави работите. Во екот на изборот за председател на МКФ, Владо го прашавме, кои 5 работи би ги сменил, доколку дојде на чело на нашата Федерација.
- Би обединил. Би ги вратил во кошарката сите оние кои вредат. Број еден приоритет е да го вратиме сјајот на репрезентацијата.
- Би ги ослободил клубовите од котизација
- Личните интереси би ги оставил далеку пред оние на македонската кошарка. Несебично би работел, да ја вратиме довербата во кошарката
- Посветено би работел на популаризација на кошарката. Да го вратиме интересот кај младите да играат повеќе кошарка. Да ја сакаат кошарката како порано, кога на секое коше се играше баскет, се тренираше во клубови…се ќивееше со неа
- Се што ќе правам ќе биде во интерес на младите, нивен развој, и играње во нормални услови. Да се подобрат основните услови за тренирање и работа. Едукација на тренерите, кампови, едукација, мотивирање на младите, соработка со институциите во насока на подбрување на инфрастуктурата, развој на женската кошарка…многу повеќе Има многу за работа!