Грчки здруженија: Третиот митинг за името ќе биде “цунами”
За прашањето на името повторно се огласија грчките „светски семакедонски здруженија“, Сегрчката федерација на културните здруженија и организаторите на претходните две митинга во Солун и Атина, кои предупредија дека, ако е неопходно, ќе се организирал и трет митинг, кој немало да биде „мирно море од народ, туку цунами“.
Во соопштението на нивнатата „фејсбук“ страница тие велат дека на митинзите на 21 јануари и на 4 февруари „ грчкиот народ го кажал своето“ и се изјаснил дека никој во негово име не може да му го даде „правото на Скопје да се вика Горна Македонија или Нова Македонија“.
„Двата митинга се одржаа еден по друг, набрзина и ненадејно, а сепак народот дојде во голем број и кажа НЕ на оние кои ја искривуваат историјата“, се вели во соопштението во кое се додава дека „ако е потребно, ќе се организира и трет минтинг, ако владата и политичарите продолжат да инсистираат на сложено име кое ќе го содржи терминот „Македонија“ или негови изведенки, но овој митинг нема да биде мирно море од народ туку – цунами“. (Meтa)