Погледнете ги децата на Мајкл Џексон, тој им ги покриваше лицата за да ги заштити
Кралот на поп -музиката се обидуваше да ја заштити својата приватност. Лицата на Парис и Принц Џексон денес се добро познати, но кога беа мали тоа беше вистинска мистерија.
Мајкл Џексон се обидуваше да ги заштити неговите деца од медиумите колку што може повеќе, па така кога беа мали постојано им ги покриваше лицата со марами и им ставаше маски.
Наследниците на поп- кралот денес се возрасни личности.
Неодамна неговата ќерка Парис Џексон (19) на Инстаграм објави видео од нивното детство, со кое му го честиташе роденденот на нејзиниот брат. Таа и Принц (21) се забавуваат и танцуваат на видеото.
Парис се потсети на детството, на игрите со нејзиниот брат и на тоа колку биле блиски. Таа открива дека тој е најмилата личност што ја познава и дека е нејзиниот најдобар пријател.