Руска докторка советува: „Овие 3 намирници помагаат во лечењето Ковид-19“

Познатата руска докторка и ТВ водителка, Елена Малишева, на својот Инстаграм профил навела три „супернамирници“ кои што помагаат да се избегнат компликации кај инфекцијата коронавирус.

„Ковид-19 може да предизвика многу сериозни проблеми кај луѓето на кои што им недостасува витамин Д, цинк и селен“, изјавила д-р Малишева.

Меѓу храната која што е особено богата со овие супстанци, Малишева ги истакнува следните:

 џигер од бакалар, докторката овој производ го нарекла најдобар извор на витамин Д; 
– сирови остриги, цинкот кој што тие го содржат е во состојба да го блокира размножувањето на коронавирусот; 
 бразилски орев, докторката го смета за многу корисен затоа што ги зајакнува природните „убијци“ на вирусот како клетките, а исто така го намалува ризикот од настанување на крвни грутки во крвните садови.  

https://www.instagram.com/p/CGpAegdgI-5/?utm_source=ig_embed

Во поднебјата каде што овие намирници не се лесно достапни, докторката советува да консумирате друга храна која во себе го има витаминот Д, како и цинкот и селенот.

Translate »