Владата одлучи: Се замрзнуваат цените на следниве производи: леб, сол, зејтин, јајца брашно, средства за дезинфекција

Владата на вчерашната седница донела одлука за замрзнување на цените на основните продукти.

Тоа значи дека трговците нема да смеат да ги зголемуваат цените на основните производи повеќе од цената која е утврдена како референтна, а таа е цената што тие продукти ја имале на денот кога СЗО прогласи пандемија, односно 11 март, или пред 5 дена.

Станува збор за леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, место, тестенини, лекови и дезинфекциони средства, со состојба на денот за прогласување од СЗО, освен за оние за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури.

За оние трговци што ќе прекршат овие првила и ќе ги зголемат цените, веројатно ќе следуваат казни.

Translate »