Се затвораат сите гранични премини и скопскиот аеродром

Владата на седница вечерва донесе одлука да се затворат сите гранични премини во државата и скопскиот Меѓународен аеродром, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Граничните премини се затвораат за странски државјани, освен за влез и транзит на товарни возила, претставници на дипломатскиот кор и други лица за кои МВР ќе даде мислење од главниот Кризен координативен штаб кој ќе потврди дека постои посебен економски или државен интерес. Овие товарни возила и лица ќе влезат во земјава согласно протоколот за заштита на Министерството за здравство, рече Филипче.

Тој информираше и дека со одлука на Владата, се затвора и Меѓународниот аеродром во Скопје, освен за државно, воени, карго, хуманитарни и празни летови.

Ова ќе стапи на сила по истекот на 48 часа од денот на влегување во сила на одлуката.

Translate »