Битиќи: 34 дејности ќе работат и во недела, за повисока плата
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи синоќа кажа дека недела ќе биде неработен ден, а оние што ќе работат во недела ќе бидат соодветно платени и ќе добијат слободен ден.
На гостувањето во дневникот на телевизија „Сител“, Битиќи посочи дека пред крај е конечното законско решение и исклучок ќе бидат 34 дејности кои ќе работат и во недела.
” Веќе сме пред крајното решение. Имаме уште мали нијанси и сметам дека следната недела ќе ги прецизираме. Ќе има исклучоци – 34 дејности и дејностите кои се поврзани со основните дејности. Оние кои ќе работат во недела ќе треба да бидат платени според колективните договори потпишани во секоја гранка и да добијат дополнителен ден одмор”, рече Битиќи.