Захариева: Скопје не може да влезе во ЕУ, а да го слави Тито

Бугарскиот министер за надворешни работи. Екатерина Захариева повтори дека Северна Македонија не е подготвена да започне преговори со ЕУ и го обвини Скопје за ширење омраза кон Бугарија.

„Од една страна, не можете да сакате да влезете во ЕУ и да го демократизирате општеството, а во исто време да славите еден од најмрачните диктатори – Тито. Ако продолжиме да ги затвораме очите кон фактот дека оваа земја продолжува како што замислиле Тито и Сталин, ние со тоа и вршиме услуга на Москва“, рече Захариева.

Таа го изјавува ова два дена пред седницата на министрите за надворешни работи на ЕУ, на која треба да се разговара и усвои рамката за преговори за Северна Македонија, со цел, според претходните најави, преговорите да може да започнат на крајот на годината.

Извесно е дека Бугарија ќе стави вето за почеток на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија, изјави пак денеска премиерот на земјава, Зоран Заев.

„Јас сум подготвен и го подготвив македонскиот народ за евентуална блокада. И тоа е поприлично извесно. Ако кажете во проценти колку – е повеќе, отколку да добиеме позитивна одлука. Сепак никогаш не ја губам надежта заради тоа што одговорноста е голема на политичарите. До декември има време, до крајот на декември е можност за прва меѓувладина конференција. Очекувам одговорност, крик на пријателство од бугарската страна. Ако се испрати негативна порака сите знаеме што тоа може да развие, не ни требаат такви работи ни треба пријателство подадена рака, заедно да го чекориме европскиот пат“, рече Заев.

Translate »