Шармантна дрвена кучичка со соба за чај , високи тавани и внатрешна лулашка!

Соба за чај, тавани високи 5 метри и внатрешна лулашка се само неколку од погодностите што ги нуди оваа шармантна малечка куќичка во шумата Свананоа, Северна Каролина.

Малата куќа, соодветно наречена „Нук“ (анг.The Nook – скришно место, ќоше), е опишана како колекција приказни за културната и личната историја, екологијата и занаетчиството. Доволно е да се каже дека ова место ви нуди чувство како да сте во куќа од бајките.

„Нук“ е дело на фотографот Мајк Белем, кој побарал помош од дизајнерското студио „Шелтер колектив“ за да ја изгради оваа мала кабина. Секој аспект бил исткаен, обликуван и создаден со рака. Куќарката од 37 метри квадратни иако е релативно мала, е прилично моќна. Има кујна, дневна, бања, агол за спиење со голем кревет и две простории – една за забава, друга за чај.

Извор: Apartmenttherapy.com
Фото: Mike Belleme/Instagram

Во развиените западни земји последниве 20-тина години куќи почесто се градат од дрво, отколку со друг градежен материјал. Не постои предрасуда дека дрвените монтажни објекти се привремени, или наменети само за викендици, туку напротив тоа се долготрајни градби, со одлични градежни карактеристики, кои нудат бројни поволности за секојдневно живеење.

Добро е познато дека дрвото важи за квалитетен изолатор, овозможувајќи одлична звучна и топлинска изолација. Дрвените куќи можат да одолеат на ветар со брзина од 200 км/час, на пожар, а поради својата еластичност гарантираат постојаност и при силни земјотреси и движење на земјиштето.

Квалитетот на дрвото како градежен материјал е неоспорен, и доколку дрвото правилно се одржува, животниот век е многу долг. Благодарение на германската технологија за обработка на дрво, со модерни компјутерски програми за конструирање на производите, секако и со познавањето карактеристиките на различните видови дрво имаме можност да креираме трајни објекти кои го облагородуваат просторот, објекти кои едноставно ги одземаат воздишките на луѓето, велат од компанијата Гео-Инг.

http://www.geo-ing.com/.

Дрвена монтажна канцеларија изработена од Гео-инг
Дрвена фасада на куќа во Скопје
Translate »