(ВИДЕО) Пари летаа од камион: Луѓето ги собираа
Околу 600.000 долари испаднале од камион на осигурителната компанија Бринкс на автопат во Индианаполис утрово околу 9 часот.
Информацијата ја објави полицијата и побара луѓето кои собрале пари да ги вратат.
Полицијата навела дека во спротивно тие ќе бидат обвинети за кражба.
Не е јасно како се отворила вратата на оклопното возило. Некои возачи на државниот автопат 70 ги сопреле своите возила за да соберат што повеќе пари. На интернет е објавена снимка од инциентот.