Мутираната верзија на вирусот брзо се шири!

Мутираната верзија на вирусот се прошири низ Европа и САД, но засега нема докази дека предизвикува посериозен и потежок облик на Ковид-19.

Откако докторите од Италија предупредија на ”српската верзија” на коронавирусот за која што тврдеа дека е позаразна од оној тип коронавирус со кој што се бореле во нивната земја, овојпат слична информација доаѓа од Азија.

Имено, како што појаснил министерот за здравје на Малезија, Нор Нишам Абдулах, мутацијата на коронавирусот забележана е во различни делови низ светот, но онаа која што ја забележале во Малезија е со потекло од Европа и е 10 пати позаразна од оригиналниот вирус.

„Тоа би можело да значи дека постоечките студии и вакцини кои што се развиваат можеби се нецелосни или пак нема да бидат ефикасни против мутираниот вирус“ – истакнал тој.

Мутираната верзија на вирусот се проширила во Европа и САД, но засега нема докази дека предизвикува посериозна и потешка верзија на Ковид-19.

Според истражувањето кое што било објавено во научното списание „Cell“, мутираната верзија (G614) се појавила во февруари месец и ја надминала оригиналната верзија (D614).

Научниците тогаш утврдија дека мутираната верзија е десет пати позаразна од оригиналната верзија на вирусот која што беше воочена во кинески Вухан.

Меѓутоа, со оглед на тоа што мутацијата се базира на протеинот кој што не е критичен и на кој што вакцината не цели, научниците се надеваат дека вакцините кои што моментално се наоѓаат во последната фаза од клиничките истражувања сепак би можеле да бидат целосно ефикасни да ја запрат пандемијата.

Translate »