Наследникот на Меркел: Берлин по едно клучно прашање стои “рамо до рамо со Москва” – тоа не се доведува во прашање

Новиот лидер на германската Христијанско-демократска унија, Армин Лашет, ги повикал руските власти да го ослободат опозиционерот Алексеј Навални и истовремено ја потврдил својата позиција за “Северен тек 2” – дека го поддржува официјалниот став на Берлин.

“На президиумот разговаравме за апсењето на Навални. Го подржуваме ставот на федералната влада која се залага за моментално ослободување на рускиот блогер. Не треба Навални да биде во затвор, туку криминалците кои го извршиле атентатот над него. Очекуваме целосна истрага за тоа кои се тие криминалци и дека ќе бидат ставени зад решетки”, рекол Лашет по заседанието на президиумот во понеделник.

Одговарајќи на прашањето на прес-конференцијата дали планира да го преиспита својот став изградбата на Северен тек 2 и постојаниот американски притисок, наследникот на Ангела Меркел одговорил одречно.

“Не. Снабдувањето на Германија со енергија е важно прашање на кое мора да се одговори. Американците имаат свој став, тој одамна е јасен и не зависи од републиканците или демократите. Но, мојот став е исто така јасен”, изјавил Лашет.

Според неговите зборови, Германија соработува со Русија во областа на науката и економијата.

“Веќе 50 години се снабдуваме со енергенси од Русија, тоа се одвивало дури и во најтешките времиња на Студената војна. Сметам дека е неопходен прецизен став во врска со работите кои се однесуваат на нашите вредности – веќе го споменав случајот со Навални. Но, без разлика на тоа, треба да се бараат области во кои може да се соработува. Парискиот договор за Климатски промени без Русија ќе има двојно помал ефект, бидејќи тоа е дна од областите во која треба меѓусебно да соработуваме за да пронајдеме добри решенија”, додал тој.

Истовремено, премиерката на германската сојузна држава Макленбург – Западна Померанија, низ која треба да минува “Северен Тек 2”, Мануела Швезиг изјавила за “Bericht aus berlin” дека критичарите на проектот не може да ја користат ситуацијата со приведувањето на Навални и протестите во Русија за сопирање на неговата реализација.

Translate »