БОСИЛОК – зошто треба да имате барем една саксија
Босилокот (Ocimum basilicum) е едногодишно растение кое расте до 30-тина сантиметри, има пријатен вкус, уникатна арома и убав изглед.
Зборот босилок има грчко потекло што значи кралски (басиликон). Листовите имаат овална форма, а цветовите се бели, црвенкасти или жолтеникави. Се одгледува како градинарска билка на сончеви места и хумусна почва.
Постојат различни видови, а повеќето се чувствителени на пониски тепмератури, па затоа се типични за Медитеранскиот регион, но и други потопли краишта. Кај нас исто така постои традиција на одгледување босилок.
Популарен е како свежа храна, ароматична сушена билка (зачин), за правење различни сосови, но се употребува и како чај. Најчесто се среќава во јадењата со потекло од италијанската кујна – пици, салати, паста итн, но се употребува и во кујните на далечниот исток, од каде се смета и дека првично потекнува.
Во овој текст ќе видиме зошто треба да ја задржиме традиционалната употреба и одгледувањето на оваа билка.
Потенцијални лековите дејства
Босилокот може да понуди различни корисни дејства како дел од исхраната, како хербален лек, но и како есенцијално масло.
Традицоналната медицина го употребувала при каснување од змија, при настинки и различни типови на воспаленија.
Босилокот во исхраната ни обезбедува низа на микронутриенти, пред сé витамин К, калциум и низа на антиоксидативни фитохемикалии. На пример, еугенол кој обезбедува и мирис на каранфилче, потоа лимонин, кој дава типичен слабокиселкаст вкус.
Богат нутритивен и антиоксидативен состав кој е значен во борбата со хроничните воспалителни процеси во телото
Нутритивниот состав на босилокот се состои главно од каротеноидните антиоксиданти бета-каротен, криптоксантин, лутеин и зеаксантин, потоа витамините А и К, но и некои од Б групата. Содржината на минерали е пониска и генерално се состои од калциум и помалку железо.
Поради помалите количества во кои се консумира, бенефитот во однос на нашето здравје главно се должи на богатиот антиоксидативен состав кој го има босилкот.
Антиоксидантите се компоненти кои ги превенираат оксидативните оштетувања на клетките од молекулите наречени слободни радикали. Според студиите, за одржување на здравјето, телото има потреба од баланс помеѓу количините на слободните радикали и внесените антиоксиданти.
Дисбалансот помеѓу нив може да води кон зголемени нивоа на оксидативен стрес, што води кон развој на хронично воспалителни. Тие на долг рок, можат да предизвикаат повеќе хронични заболувања, како кардиоваскуларни, ревматоидни, малигни заболувања, дијабетес итн.
Телото произведува дел од антиоксидативните материи, но многу е важно и ние да ги внесуваме преку исхраната.
Главните антиоксиданти со кои нé обезбедува босилокот се антоцијанините и споменатите каротеноиди.
Босилокот може да помогне во превенцијата од некои малигни заболувања, а корисен е и за црниот дроб
Д-р Митов