Повторно во карантин: Полициски час од 58 часа за време на продолжениот викенд?

Комисијата за заразни болести најверојатно ќе упати препорака до Владата да биде воведен 58-часовен полициски час во текот на претстојниот викенд.

Според препораката, полицискиот час би требало да трае од сабота од 19 часот, до вторник до 05 часот наутро, пренесува „ТВ21“, а денес ќе биде познато дали Владата ќе го прифати предлогот.

Од пристигнувањето на коронавирусот во нашата земја досега Владата ги прифати речиси сите препораки на Комисијата за заразни болести, а со оглед на тоа што и натаму секој ден има новозаболени, голема е веројатноста за воведување на нов повеќедневен полициски час.

Да потсетиме, денес Министерството за здравство информираше дека се регистрирани 19 нови случаи на Ковид-19 од извршени 512 тестирања во последните 24 часа. Со тоа вкупната бројка на заразени во земјава се искачи на 1,858, од кои активни случаи се 381.

Translate »