Македонија доби „столче“ во НАТО, уште четири чекори до право на глас

Македонија добива „столче“ во НАТО со денешното потпишување на пристапниот протокол. Тоа значи дека земјата ќе учествува на сите состаноци и во сите тела на Алијансата со статус на „поканета земја“, но сè уште без право на глас, додека формално не заврши пристапниот процес.

Протоколот за пристапување на Македонија кон Вашингтонскиот договор сега треба да го ратификуваат сите 29 членки на НАТО, формално, преку референдум или собраниско гласање да буде усвоен во земјава, и на крај да се достави во американскиот Стејт департмент, како прилог на оригиналниот документ од 1949 година со кој е формирана Северноатлантската алијанса.

Од денеска Македонија учествува на сите состаноци на сојузниците. Првото „седнување на столчето“ во НАТО ќе биде на состанокот на министрите на земјите-членки на НАТО за одбрана, што ќе се одржи во Брисел на 13 и 14 февруари. Во април, министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе учествува на министерски состанок во Вашингтон, а премиерот Зоран Заев во декември ќе присуствува на средбата на шефови на држави и влади што ќе се одржи во Лондон, домот на првиот штаб на НАТО, по повод 70-годишнината од основањето на Алијансата.

Translate »