„ОТВОРИЈ И ДОБИЈ“ нова голема наградна игра на НАТУРА ТЕРАПИ и АД АСТРА-со многу вредни награди!

НАТУРА ТЕРАПИ почнува нова голема наградна игра „ОТВОРИЈ И ДОБИЈ“ во која отсега во производите од брендовите на НАТУРА ТЕРАПИ и АД АСТРА (конкретно прашкастите производи, капсулите и теблетите) се кријат големи изненадување – вредни награди за сите!

Секој што ќе купи производ, може да си добие купонче кое носи вредна награда како ваучери за производи, кафемати, блендери, велосипеди, мобилни телефони, лаптопи и play station, парични награди, добивки со 3000, 5000 и 30.000 денари, како и најпознатиот Е-велосипед МАТЕ, како и нов iPhone 16 Pro Max.

Повеќе информации за наградната игра, правилата и одобрението дадено од страна на Министерството на Финансии може да се видат во продолжение

                                      Правила на Наградната Игра

,, Натура Терапи дарува: Отвори и Добиј ,,

ОГАНИЗАТОР

Друштво за трговија и услуги НАТУРА ТЕРАПИ СТОРЕС ДООЕЛ Скопје, со седиште во Скопје на ул.Васил Стефановски, општина Центар, Скопје, со  ЕМБС 7561962, застапувано од Управителот Џан Рамковски.

ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

Наградната игра се приредува со цел рекламирање на производи од палетата производи од  Натура Терапи Сторес ДООЕЛ.  Прозводите се  продававаат во  продажните мрежи ( продавници и кол центар) на Натурапи Терапи Сторес, на територија на РСМ.

ИМЕ, ОПИС И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Името на Наградната игра е:

 ,,Натура Терапи дарува: Отвори и добиј,,

Право на учество во Наградната игра имаат сите потрошувачи (учесници) кои купиле производи од палетата производи (прашкасти и капсули, децидно наведени во Прилогот кон Правилата) на организаторот,  во  продажните центри на организаторот .

Право на учество немаат вработените кај организаторот како и членовите на нивното потесно семејство и малолетни лица со возраст под 18 години.

Времетраењето на Наградната игра е од 05.10.2025  г. до 30.03. 2026 г

ТЕРИТОРИЈА

Наградната игра се организира на територијата на Република Северна Македонија.

ПОДАТОЦИ ЗА НАГРАДИ – НАГРАДЕН ФОНД

Бр.НаградаКоличинаПоединечна вредност со 18% ДДВВкупна вредност со 18% ДДВ
1.Парични средства   130.000,00 денари30.000,00 денари
2.Парични средства  55.000,00 денари25.000,00 денари
3.   Парични     средства1603.000,00 денари480.000,00  денари
4.Телефон Apple iphone 15181.278,00 денари81.278,00 денари
5.Велосипед  MATE  X  250 W1101.598,00 денари101.598,00 денари
6.Велосипед Max Agressor FIX BLUE44.999,00 денари19.996,00 денари
  7.    Tелефон Samsung Galaxy A06  6/128 GB55.931,00 денари34.993,00 денари
8.Лаптоп ASUS E1 504 FA317.265,00 денари51.795,00 денари
9.Sony Play Station 5 Disc Edition Slim Console332.187,00 денари96.561,00 денари
10.Апарат за еспресо- Dolce Gusto Krups KP1A3B1054.062,00 денари20.310,00 денари
11.ST Nutri Blender 800SG,Superior101.916,00 денари19.160,00 денари
12.Алое Вера  Гел со Аронија 1л50995,00 денари49.750,00 денари
13.Холестол комплекс 30 кпс50995,00 денари49.750,00 денари
14.Хеморо Форте 30 кпс50995,00 денари49.750,00 денари
15.Хиалурон 5  90 кпс50995,00 денари49.750,00 денари
16.Пара Детокс 30 кпс50995,00 денари49.750,00 денари
17.Тумерик Куркумин 425 мл100995,00 денари99.500,00 денари
18.Снаил Комплекс 30 кпс100995,00 денари99.500,00 денари
19.Простатол Комплекс 30 кпс100995,00 денари99.500,00 денари
20.Диабетол Форте  30 кпс50995,00 денари49.750,00 денари


Вкупниот награден фонд за оваа Наградна игра, изнесува 1.557.691,00 денари,  со вклучен ДДВ.

Во наградната игра нема да бидат доделени други награди. Замена на наградата со друга награда, со парична или друга противвредност, не е дозволена. Организаторот не се обврзува да понуди друг тип на награда во истата вредност како замена на планираната награда.

Учесниците во Наградната игра немаат право да бараат награда во поголема вредност или од различен вид од назначената во Правилата од страна на Организаторот.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Право на учество во наградната игра имаат сите потрошувачи (учесници) кои купиле производи од палетата производи на организаторот а кои се( прашкасти или во капсула, децидно наведени во Прилогот кон Правилата),  во  продажните центри на организаторот.

Во сите производи нема да имаат ваучер туку само во еден дел од  производите а кои се прашкасти или во капсула и  купени во  продажните центри на организаторот , ќе има ваучер со награда.

УТВРДУВАЊЕ НА НАГРАДА

Учесникот во наградната игра кој  купил производ од палетата производ ( прашкасти или капсули, децидно наведени во Прилогот кон Правилата ) на организаторот, во кој има ваучер со награда,треба да се јави на телефонски број кој стои на ваучерот со награда.

Наградата ќе се утврди, со приложување на   ваучер со награда, кој се наоѓа во производот( прашкасти или  капсули, децидно наведени во Прилогот кон Правилата ) на организаторот,   кој го купил потрошувачот, во продажните центри на организаторот.

За текот на наградната игра ќе се води записник, кој ќе биде потпишан од членовите на Комисијата која ќе биде составена од:

– тројца  претставници, од организаторот на наградна игра

НАЧИН НА ОБЈАВУВАЊЕ НА ДОБИТНИЦИТЕ

Објавата  на добитници кои се јавиле на телефонскиот број на  на ваучерот со награда,  и за кои ќе се утврди  дека се носители на ваучер, ке се врши на официјалната страна на Натура Терапи Сторес ДООЕЛ,  https://www.facebook.com/naturatherapy.mk/, во рок од 3 дена од денот на утврдување на наградата и добитникот.

Подигнување на наградите ќе се врши во  рок од 30 дена,  од објавување на добитникот  на  facebook страница на организаторот, https://www.facebook.com/naturatherapy.mk/.

Подигнувањето и фактичкото преземање на наградите,  освен на паричните награди, ке се одвива  во продажните центри на Натура Терапи Сторес ДООЕЛ, Скопје.

Паричните награди ќе се подигнуваат на начин што ќе се врши пренос на парични срдства на трансакциска сметка на добитникот.

Организаторот има право со нивна согласност, да ги слика/снима добитникот на наградата со што нивните лични податоци име и презиме можат да станат јавни и да бидат користени во аудио, фотографија или видео материјал, без право на дополнителен надомест.

Сите Добитници може да ја подигнат  наградата во  рок од 30 дена, од денот на објавувањето  на добитниците на наградите.

Доколку Организаторот не успее да стапи во контакт со добитникот истиот го губи тоа правото на награда и  во таков случај Организаторот има право, истата да не ја додели.

Со конечната реализација на наградата престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитникот.

ПРАВО НА ПРИГОВОР

Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување на добитник,  да поднесе приговор во писмена форма до Организаторот на Наградната игра , кој е должен во рок од 5 (пет) дена, од денот на приемот на приговорот писмено да одговори на добиениот приговор

Прекинување на наградната игра

Наградната игра може да биде прекината во случај на виша сила согласно  член 9 од Законот за игри на среќа и забавни игри, вклучувајќи ја неможноста на Организаторот да ја изведе наградната игра поради причини независни од неговата волја.

Во овој случај, Организаторот, по известувањето и добиената согласност од Министерството за финансии, треба да ги информира потрошувачите за прекинувањето на наградната игра, за причините за прекинувањето и за датумот на прекинување, преку соопштение во медиумите.

 Потенцијални спорови

Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесниците на наградната игра, надлежни се соодветните судови во Скопје.

Задолжителни правила

Овие официјални правила важат од денот на нивното донесување, а ќе започнат да се применуваат откако Министерството за Финансии ќе издаде Дозвола за приредување на игра на среќа – наградна игра и истите ќе важат сè до завршувањето на наградната игра. Правилата на наградната игра ќе бидат објавени на порталот radar.mk, пред почетокот на  наградната игра, по добивањето на согласност од страна на Министерството за финансии. Со учеството во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила.

Сите заинтересирани може да добијат примерок од правилата на наградната игра на свој трошок од канцелариите на Организаторот.

Организатор:

Друштво за трговија и услуги НАТУ РА ТЕРАПИ СТОРЕС ДООЕЛ Скопје

Управител Џан Рамковски

Translate »