Детско игралиште – најубавиот детски подарок
Децата треба да се движат, да скокаат, да се смеат, да се дружат со други деца, да бидат во реалниот свет, бидејќи само така можат да израснат во здрави луѓе, кои ќе се носат со сите животни предизвици.
Дали сте помислиле дека токму детско игралиште може да биде најубавиот подарот за едно дете!
Секојдневно да се лизга, скока, да се забавува. Да може да ги покани своите другарчиња и заедно да се забавуваат. Детските игралишта овозможуваат детето правилно да ја развива моториката на рацете и нозете, а да не зборуваме каква среќа предизвикува. Среќата пак предизвикува напредок на детето, децидни се психолозите кои препорачуваат децата постојано да играат. Наместо да му го дадете мобилниот телефон на вашето дете, направете во дворот детско игралиште со кое ќе го стимулирате неговиот развој.
Претворете го вашиот двор во игротека!
Игралиштата што ги создава компанијата Гео-Инг се безбедни, изработени од квалитетно дрво, по дизајн прилагоден на желбите на децата и нивните родители.
Направете детето да се почувствува убаво во својот детски свет. Овозможете да ја развие својата имагинација во Светот каде принцезите живеат во замоци, а момчињата имаат свои мини куќички. Парите потрошени за децата не се фрлени пари, напротив детските игралишта помагаат за психофизичкиот развој на децата.
Доколку сакаме да имаме здрави деца, тие треба да излезат од дома, што повеќе време да поминуваат во игра на отворено, дружејќи се со своите врсници.
Игралиштата изработени од дрво се стабилни, долговечни, а исто така не треба да се заборави и нивната естетска вредност. Квалитетот на дрвото како градежен материјал е неоспорен, и доколку дрвото правилно се одржува, животниот век е многу долг. А градењето со дрво е работа на Гео-Инг. е-mail: contact@geo-ing.com