Тажна слика од детските спортски терени…
Фин и културен господин го гледа својот син, Никола, кој има 10 години, на фудбалски тренинг. Другите родители исто така ги следат своите деца.
Никола е малку несмасен, но тој прави се што му кажуваат тренерите. Другите родители пак видно вознемирени, без да се свесни кој се може да слуша, коментираат за Никола: “Погледнете го овој! Дудук…Какво дрво! Што бара овој тука. Тренериве, не гледаат што прави…Како може ваков да тренира со нашиве деца. Овој не е за фудбалер.
Слушајќи ги сите тие коментари, таткото на Никола, истакнат адвокат, не можејќи да се воздржи, им возвраќа “Искрено јас и не би сакал да биде фудбалер. Би сакал да заврши колеџ и да се занимава со некој бизнис кој ќе му лежи и ќе го сака, во подобри животни услови, со помалку болка, помалку пот и повеќе почит од средината, со помалку мафијаши во околината. Би сакал да не мора да ја напушти својата земја поради својата професија и дека поради една повреда може да ги уништи сите свои соништа. Но, ако тој инсистира да се бави со фудбал, ќе го поддржам”.
Останатите родители останаа шокирани!!! Како и тренерот – поранешен фудбалер. Тажна слика од спортските терени за деца …
Категорија “хоби” полека умира поради амбициите на родителите, и нивните комплекси нивните деца да освјуваат медали, да бидат најдобри.
Која е основната идеја на спортот како хоби? Децата да се научат на борба, на упорност, да не се откажуваат лесно од она што го сакаат. Да се развијат физички, да ги подобрат своите моторни вештини, да се научат да губат, и тоа нормално да го поднесуваат. Бидејќи таков ќе биде животот. Во победата “да не летаат” да не се вообразуваат, од поразот да не се обесхрабруваат. Спортот е пред се рекреација. Подоцна, со многу желба, обука, самодисциплина, одрекување и упорност, можеме да дојдеме и до професионален успех. Но алтернативи секогаш треба да постојат. Бидејќи во спротивно тоа е голем психолошки притисок кој не може да го носи детето, како и повеќето возрасни. Детето на натпревар не треба да се однесува неспортски, да се потсмева, да биде хистерично, да плаче…едноставно спортот треба да го прифати како игра, каде еден ден ти оди, друг не.
Македонија има многу надарени и талентирани деца, но системот не знае да ги препознае!