ДУИ добива директори во МЕПСО, М-Нав и АЕК?
Владата е комплетирана откако ДУИ го предложи Јетон Шаќири за нов министер за информатичко општество и администрација.
Треба да биде изгласана во Парламентот, но преговорите меѓу двата коалициони партнери не застанаа тука. Се договараат и заменици министри, но и директори во сите државни институции. Секоја партија има свои адути, ама и желби, да земе што подобра институција. Еднаш во текот на владеењето веќе се шпекулираше дека моќната државна компанија ќе му припадне на ДУИ. Тоа сега веќе, се тврди, е е договорена работа. Но според информациите, ДУИ ќе има свој директор и во М-Нав, па и во Малмед – Агенцијата за лекови. Се шпекулира дека ДУИ ќе има директор и во АЕК.
Досега официјално никој не зборува зза тоа. Лидерот на СДСМ Зоран Заев вели дека тие разговори следуваат подоцна, по формирањето на Владата.
Се уште не се шпекулира кои ќе бидат персоналните решенија.