ИТАЛИЈА РЕГИСТРИРАШЕ НАД 1.000 НОВИ СЛУЧАИ – ЗА ПРВ ПАТ ОД МАЈ
Во последните 24 часа во Италија се регистрирани 1.071 нови случаи на коронавирус, така што бројот на новозаразени за еден ден надмина илјада за прв пат од мај.
Во мај, владата ги олесни строгите мерки за карантин.
Последниот пат кога во Италија имаше повеќе новозаразени лица беше на 12 мај, кога беа регистрирани 1.402 случаи, шест дена пред укинувањето на десетнеделниот карантин, пренесе Ројтерс.
Од почетокот на епидемијата во Италија, заразени се над 258.000 луѓе, а повеќе од 35.000 умреле.