Додека сите патат од короната тие заработуваат милијарди: Индустријата која сите ја потценуваат со раст како никогаш до сега
Кризата со корона вирусот предизвика вистински бум во користењето на видео игри и донесе рекордни приходи во индустријата за игри.
Речиси целата индустрија за игри има значителен раст од почетокот на кризата со корона.
Гејмерите ги играат своите омилени игри почесто и подолго од порано.
Бумот во индустријата за игри го потврдуваат деловните резултати на компаниите за игри.
Така, прометот на Activision Blizzard, кој ги лансираше игрите „Call of Duty“, „World of Warcraft“, „Candy Crush“, се зголеми за 38 проценти минатиот квартал, на 1,93 милијарди евра.
Во исто време, бројот на активни корисници на нивните игри се зголеми за три месеци од 102 на 125 милиони евра, соопшти компанијата.
Нинтендо исто така забележа раст на прометот за време на кризата па така во првиот деловен квартал, прометот скокна на 1,16 милијарди евра.
Nintendo има корист од фактот дека граѓаните, заради ограничувањата, поминуваат повеќе време дома зад своите конзоли.

