Уапсена НБА легенда: Поранешниот кошаркар физички се пресметал со жена и маж на бензинска пумпа во Атланта
На прославениот НБА кошаркар Џералд Вилкинс му се закануваат дури три пријави. Легендарниот НБА ас, наводно во раните утрински часови, удрил жена и маж на бензинска пумпа во Атланта, поради што е приведен.
Според полицискиот извештај, опишани се обвиненијата против Џералд, а истите не се ниту малку позитивни.
Вилкинс на полицајците им рекол дека влегол во конфликт со жената – возач на автомобилот, која што одбила да му дозволи на кошаркарот да влезе во својот автомобил поради што неправилно направил нарачка по пат на апликацијата.
Од друга страна, жената тврди дека поранешниот кошаркар толку се изнервирал што ја удрил и тогаш се појавиле двајцата сведоци – мажи, за да спречат да ја претепа.
Еден од сведоците тврди дека Вилкинс ја удрил жената по лице во текот на караницата. Третиот сведок, кој што во тој момент ставал гориво во својот автомобил, ја потврдил приказната на жената.
Поранешната НБА ѕвезда нагласила дека повикал полиција и дека е жртва од целата ситуација, изјавил дека е нападнат, меѓутоа полицијата не верувала во неговата приказна, па на крајот го уапсиле.
Записниците покажале дека сега тој ќе треба да се соочи со три кривични пријави.