Сара Роуз е новата Мис на САД
Сара Роуз Самерс е новата Мис САД. 23-годишната убавица од Небраска ги победи останатите 50 мисици и ја освои посакуваната титула на изборот кој се одржа во Луизијана.
Самерс, која носеше црна вечерна тоалета, беше крунисана од минатогодишната победничка, Кара МекКала.
Таа ќе биде претставничка на САД на натпреварот за убавина Мис Универзум.
Сара студираше медицина и цели да стане педијатар, а истовремено е и пилатес инструкторка.