Жестока тепачка поради Ердоган(Видео)
Хаос и тепачка за време на говорот на турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган во хотелот Мериот Маркиз во Њујорк.
Инцидентот бил предизвикан од момче во публиката, кое го прекинало обраќањето на Ердоган, извикувајќи: ” Ти си терорист! Марш од оваа земја!” По ова, дошло до голем метеж во салата, при што интервенирало обезбедувањето.
Настапите на Ердоган во странство често се проследени со инциденти и тепачки помеѓу неговите противници и приврзаници. Еве ја снимката од хаосот во Њујорк!