По 30-та година тој ви е најдобар пријател: Овој витамин е клучен доколку сакате свежа и негувана кожа

Негата на кожа се разликува пред и по 30-та година, тврдат научниците.

Токму поради таа причина важно е да знаете што на вашата кожа ѝ е потребно во која старосна доба и кои навики во негата треба да ги применувате за да го пролонгирате стареењето на кожата и настанувањето на брчки.

Бјути ритуалите и навиките се важни за негата на кожа и се разликуваат од типот на кожа и старосната доба. Не се сите креми, лосиони, флуиди и серуми еднакво применливи и делотворни, а потребни ви се со годините.

По 30-та година за поголем дел од жените почнува периодот на потрага за идеален сет производи за нега на кожа.

Сите производи за кожа по 30-та година треба да бидат богати со витамин Ц.

Зошто витамин Ц?

Недостатокот на витамин Ц во кожата предизвикува дехидратација и појава на брчки. Витаминот Ц е есенцијален и нежен за лицето по 30-та година затоа што произведува колаген кои ја одржуваат кожата цврста и затегната.

Исто така тој има важна улога во способноста кожата да ја заштити од губење вода. Затоа во текот на користењето на препаратите со присуство на витамин Ц ќе станете посвежи без траг на умор.

Translate »