Европската унија објавила како ќе се дистрибуира вакцината против коронавирус

Европската комисија преговара со произведувачите на потенцијалните вакцини против Ковид-19 “во име на цела Европска Унија” и нема “паралелни преговори на земји членки со фармацевтски компании”, велат во Брисел.

По повод најавите некои земји членки за различни термини за почеток на вакцинацијата против Ковид-19, во ЕК нагласуваат дека вакцината ќе им биде достапна на сите земји членки во исто време и под исти услови. 

“ЕУ заедно преговара со компаниите кои развиваат вакцини и ќе се склучи заеднички договор со нив. Кога вакцината ќе добие зелено светло и авторизација од Европската агенција за лекови, тогаш земјите членки може да почнат да нарачуваат вакцини”, вели портпаролот на Комисијата Стефан де Керсмекер.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најавила дека првата авторизација за вакцината против Ковид-19 за употреба на територијата на ЕУ ќе ја даде до крајот на декември 2020-та година.

Истовремено, во ЕК велат дека не се во можност да дефинираат колку брзо по авторизацијата вакцините ќе се најдат во продажба.

“Кога точно вакцините ќе се најдат на пазарот и ќе бидат подготвени за купување зависи од процедурите, но ние се обидуваме да работиме што е можно побрзо имајќи ги во предвид безбедносните препораки”, наведуваат од Комисијата.

Во Брисел наведуваат дека откако Европската агенција за лекови ќе даде зелено светло во втората половина на декември, Комисијата мора да даде своја дозвола за ставање на вакцината на пазарот на ЕУ.

Во рамките на ЕУ стратегијата за вакцинација, во Брисел инсистираат за потребните на земјите членки да се преговара со фармацевтски компании кои својата вакцина ја произведуваат во Европа.

Се нагласува дека сите земји членки во исто време и под исти услови ќе добијат вакцина, која ќе може да ја поделат со трети држава на основа на билатерален договор.

Translate »