Ротари Македонија организира голема еко акција во градовите ширум земјава
Екоактивности за собирање и селекција на отпадот од јавните површини паралелно ќе се одвиваат во 13 градови низ Македонија
На 12 мај, со почеток во 10:30 часот, Ротари Македонија, во соработка со Пакомак, ќе организира акција за собирање и селекција на отпад, која ќе се одвива паралелно во сите градови каде има Ротари клубови.
Акцијата под мотото „Ракавици, кеса, селекција – сите во екоација!“ е замислена да го одбележи првиот Ротари ден во Македонија. Главната цел на ротаријанците е да се подигне свеста за чиста околина, селекција на отпадот и значењето да се има чист град, како и дружба на членовите на клубот меѓусебе и со сите активни граѓани кои ќе се вклучат на акцијата.
Екоакцијата ќе се одвива паралелно во 13 градови во Македонија: Скопје, Велес, Кочани, Виница, Куманово, Тетово, Неготино, Штип, Прилеп, Кавадарци, Св.Николе, Битола и Охрид.
На 12 мај, со почеток во 10.30 часот, активностите ќе започнат во главниот град Скопје, со чистење на отпадот во Градскот парк. Истовремено, во останатите градови низ земјата ќе започнат екоацкии за собирање и селекција на отпадот. Во Велес ќе се чисти отпадот во Младинскиот парк, во Неготино просторот околу спортската сала ,,Младост“. Штипските ротаријанци ќе ги чистат парковите во централниот дел на градот. Битола ќе ја спроведе акцијата на локацијата кај новиот градски пазар на ул.Васко Карангелески, а во Куманово ќе се чисти долж булеварот Октомвриска револуција. Охриѓани ќе го чистат централното градско подрачје.Тетово подготвува голема екоација, со која ќе бидат опфатени повеќе локации и тоа: зелениот пазар, градскиот стадион, патеката покрај реката, градинки, градскиот центар и паркот, а ротаријанците од Св. Николе ќе го чистат излетничкото место Ѓуриште.
Ротари клубовите од цела Македонија ги покануваат граѓаните во споменатите градови да се приклучат на екоакцијата и со овој мал чекор, заедно, преку дружење да овозможат почиста средина за живеење.
За Ротари Макеоднија
Ротари како организација и понатаму останува да делува со различни проекти кои ја помагаат заедницата, истата ја поттикнуваат повеќе да помага и да се грижи за ранливите групи, но и преку поголемо залагање на бизнис заедницата да делува на развојот на земјата и да ги поддржува сите оние прогресивни млади луѓе кои се иднината на оваа земја.
Ротари International, како глобална мрежа во која членуваат повеќе од 1,2 милион лидери, има визија суштински да го унапреди човековото живеење во светот, преземјаќи акции во насока на ширење на мирот, борба против болести и епидемии, обезбедување на чиста вода, канализација и хигиена, заштита на мајките и децата, поддршка во образованието и пораст на локалната економија.