Се одржува Аутопартс експо 2018, саем за автоделови во Македонија

loading...

На 19 Мај во х. Мериот-Скопје со почеток во 12 часот ќе се одржи Аутопартс Експо 2018, саем за автоделови на кој ќе се претстават 16 изложувачи – реномирани производители на автоделови од Европа, најголем дел од Германијa, но и од други делови од светот.

Организатор и носител на настанот е реномираната компанија Мега Ауто Партс, која истовремено слави и 20 годишен јубилеј и веќе две децении на македонскиот пазар обезбедува авто делови со оригинален квалитет од врвните европски и светски производители.

Во Мега Ауто Партс работат врвни ауто професионалци со долгодишно искуство, кои ги следат новите технологии во автомобилската сервисна индустрија, нудејќи истовремено врвни авто услуги и професионални совети за своите клиенти.

 

На својот 20 годишен роденден и 20 години посветена работа на македонскиот пазар, од компанијата Мега Ауто Партс уште еднаш сакаат да потенцираат дека квалитетните, оригинални авто делови обезбедуваат подобри перформанси на моторните возила, но истовремено во голема мера придонесуваат во сигурноста и безбедноста на сообраќајот.

“Безбедноста и сигурноста при патувањето е нешто кое е бесценето, нешто со што не треба да се прави компромис. Токму поради тоа, кога купуваме авто делови тие треба да бидат квалитетни и од проверен реномиран производител. Кога тие се купуваат од овластен дистрибутер, тие се посигурни а честопати знаат да бидат и поевтини, но секако и подолгорочно да ја вршат нивната функција. Купувањето делови со сомнително потекло од производство и од неовластени трговци, во никој случај не треба да се смета како заштеда, бидејќи секогаш се покажало дека на долг рок, имаме штета од тоа. Автомобилите побрзо и почесто се расипуваат, а сигурноста и животот на патниците е доведена во прашање”, истакна г. Агим Горчај, coпственик Мега Ауто Партс .

Саемот е наменет за редовните и потенцијалните клиенти, како што се продавниците за автоделови од разни градови од државата, сервисери на моторни возила и сите оние компании и поединци кои поседуваат возен парк и потреба од квалитетна понуда на авто делови. http://megaauto.com.mk/

Мега Ауто Партс се занимава исклучително само со увоз и дистрибуција на оригинални резервни делови за возила. Производителите на овие делови исто така се добавувачи на големите автопроизводители и нивните делови се користат за прво вградување во возилата. Тоа значи дека деловите се со врвен квалитет, веќе докажан кај возилата и за кои гарантираат големите производители на возила. Мега Ауто Партс увезува делови од брендови кои се директни производители. На овој начин се избегнува сомнителното потекло на производите од компаниите кои препакуваат делови од повеќе производители и истите ги препродаваат под сопствено име. На овој начин нашите клиенти добиваат делови кои имаат гарантиран квалитет и потекло.

Мега Ауто Партс соработува со повеќе од 500 продавници, сервиси и овластени дистрибутери на автомобили долж целата територија на Р. Македонија и со тоа претставува една од најголемите компании во AFTERMARKET бизнисот со авто делови.

Translate »