Пожар во фабриката “Макстил”, гореше отпадно железо

Отпадно железо пред рециклирање синоќа во 23:20 часот се запалило во фабриката „Макстил“ во Скопје.

Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје интервенирала  со девет возила и 21 пожарникар.

Поради високата температура и густиот чад што се развиле од пожарот, дополнително биле побарани три цистерни со вода од Комунална хигиена, три цистери од Водовод и едно противпожарно возило од рафинеријата „ОКТА“.

Oпожарени се околу 500 кубни метри складирано железо и оти се уште се работи на терен.

 

Translate »