ЃОРЃЕВИЌ: САКАВ ДА ГО ТЕПАМ ДРАЖЕН…!!!

Селекторот на Србија Александар Ѓорѓевиќ денеска полни 52 години. По тој повод медиумите во Србија се присетуваат на дел од неговите интервјуа во изминатите години, секако се преповторува она што го кажа за Дражен Петровиќ…

„Посебни беа оние дуели меѓу Цибона и Партизан. Еднаш загубивме после две продолженија а по мечот Дражен дојде до мене, ми се внесе во лице и ми се закани дека јас никогаш веќе нема да бидам во репрезентацијата на Југославија. Тргнав да го тепам, и него и неговиот брат Ацо. Среќа имаше тука луѓе кои ме задржаа. По таа негова закана јас навистина не заиграв во селекцијата каде што селектор беше Душан Ивковиќ. Сега и покрај се можам да кажам дека Дражен беше најдобриот“ изјавиќ Ѓорѓевиќ.

Translate »