Каталонскиот лидер уапсен во Германија
Германската полиција го упаси поранешниот каталонски лидер, постапувајќи по европскиот налог за негово апсење што го издаде шпанскиот Врховен суд.
Пучдемон, кого шпанските власти го обвинуваат за бунт, бил задржан додека патувал од Данска кон Белгија.
Германската полиција соопшти дека Пучдемон бил уапсен од сообраќајна патрола во северната сојузна држава Шлезвиг – Холштајн, која се граничи со Данска.
Соочен со заканата од негово апсење по меѓународните потерници издадени од Шпанија, Пучдемон во саботата ја напушти Финска, каде престојуваше извесно време.
Шпанските власти го обвинија Пучдемон за бунт, поради неуспешниот обид за прогласување на независност на Каталонија во октомври, минатата година, кога беше организиран референдум за отцепување
Обвиненија за бунт, злоупотреби на функциите и непочитување на институциите на шпанската држава се покренати против вкупно 25 каталонски регионални лидери,
Според шпанските закони, обвинението за бунт предвидува казна до 30 години затвор.