Градоначалник нуди десетици илјади евра на жртвите за да молчат

Градоначалникот на општината Брус во Србија, Милутин Јеличиќ сепак ќе излезе пред суд. Обвинението против него  ќе биде покренато следната недела, пренесува Блиц. Поголем број жени го тужат поради силување,  напад и уцени со секс, при што тој ја злоупотребил својата функција. Жртвите сведочат дека им барал секс како “аконтација ” за да ги вработи.  Во моментов  истрагата е фокусирана на  случајот на  една од жртвите, која го обвинува Јеличиќ дека ја силувал.Веднаш по чинот таа отишла на лекар со татко ѝ бидејќи била повредена, но нападот го пријавила многу  подоцна, што може да претставува проблем за обвинителството.

Процесот ќе се води во Крушевац, бидејќи постои основано сомневање дека обвинетиот може да влијае врз судиите во општината во која е висок функционер.

Блиц дознава дека тој  на жртвите и нивните семејства во мегувреме  им нудел  пари и други услуги ако се откажат од тужбите. Некои дури и ги заплашувал. Се зборува дека се работи за суми од  десетици илјади евра, што внесе паника меѓу жртвите, кои се плашат  дека Јеличиќ ќе ја избегне правдата и како  локален моќник ќе почне да им се одмаздува.

 

Градоначалник и швалер, ќе седне на обвинителна клупа

 

Translate »