Поради овој виц за малку ќе го дисквалификуваа црногорскиот претставник на Евровизија
Црногорскиот преставник на Евросонгот Вања Радовановиќ сите ги изненади со одвратниот виц, кој им го раскажа на новинарите, пред да излезе на сцена.
“Знаете ли што добиваат слепите и глуви деца за Божик? Рак!”, лупна Радовановиќ и остана жив.
Неговата шега ја осудија многумина на социјалните мрежи, а членовите на РТЦГ побараа од менаџментот на телевизијата да го дисквалиификува Радовановиќ. Пејачот подоцна се извини за вицот, но сепак настапи во полуфиналето.
“Најискрено се извинувам на сите кои ги навредив со својата лоша интерпретација на шегата , која не беше соодветна. Многу добро знам како е да се изгуби некој поради рак и знам дека не беше ни време ни место за таква шега. Простете”, напиша Црногорецот на својот твитер.