Во Македонија имаме цркви постари од Нотр Дам

Светот е потресен од уништувањето на катедралата Нотр Дам во Париз која е дел од светското културно наследство и со право. За само два дена за нејзина реставрација се собраа над милијарда долари. Оваа позната црква датира од 11 век и е во готски стил. Една од најпосетуваните места на туристите во Париз.

Сепак и на Балканот има храмови кои се постари од оваа црква, но за кои малку се знае. Еден од нив се наоѓа и во нашата земја, односно во Струмица!

Комплексот цркви и манастири „Св. Петнаесет тивериополски маченици“ датира од 9 век. Комплексот е вклучен во списокот на Културно наследство на Македонија.

Основните податоци за делата на Светите Петнаесет Тивериополски маченици произлегуваат од Житието на охридскиот архиепископ Теофилак Охрдиски.

Во дворот на црквата имало пораснато дрво над гробовите на мачениците. Локалното население го почитувало тоа дрво како свето. За време на Османлиското ропство кога сакале да го пресечат дрвото луѓето ги снашла голема несреќа.

Комплексот цркви вклучува цркви од различни временски периоди и тоа: претхристијанска, ранохристијанска базилика, крстообразна црква и нејзината подоцнежна обнова.

 Во крстообразната црква се наоѓа најстарата досега пронајдена фреска во Македонија, на која се претставени светите Тивериополски свештеномаченици.

Во претхристијанскиот храм се зачувани мозаици, додека ранохристијанската базилика не може целосно да се открие заради тоа што добар нејзин дел е покриен од крстообразната црква.

Оваа петокуполна средновековна црква од таканаречен сложен „цариградски тип“ е единствена во Македонија и една од ретките на Балканот.

Денес, црквата ја посетуваат многу македoнски, но и странски туристи. Особено во последните две години, однсоно по донесувањето на иконата на Пресвета Богородица „Брзопослушница“ од Грција како подарок од братството на светогорскиот манастир Дохијар. 

Фото Википедија

Фото општина Струмица

Фото Струмица денес

Фактор.мк

Translate »