Македонски филмови кои не се пропуштаат!

Македонската кинематографија има одлични и автентични филмови. Иако бројката на филмови произведени годишно не е многу голема, повеќето од нив се одлични и вреди да се гледаат по неколку пати.

Македонската кинематографија е најстара на Балканот, датира од почетокот на 20 век. Првиот филм што некогаш бил снимен бил направен во Битола од браќата Манаки. Јанаки и Милтон Манаки биле пионери на фотографијата и киното, не само во Македонија туку во целата Отоманска Империја. Во 1905 година тие користеле 34-милиметарска камера „урбан биоскоп“  што Јанаки ја донел од Лондон за да ја сними својата баба како ткае. Тие направиле документарец наречен „Ткајачки“, кој траел 60 секунди. Се смета дека ова бил првиот филм снимен на Балканот. Подоцна браќата снимиле неколку документарни филмови, прикажувајќи го животот во и околу градот Битола во тој период.

Оттогаш македонската кинематографија растела и се развивала низ годините. Во поранешна Југославија македонските кинематографери биле креативни и плодни, продуцирајќи филмови што биле под огромно влијание на европската кинематографија, но нудејќи и автентична естетика. Сепак, колку и да се добри и влијателни, на оваа листа се вклучени филмови што се продуцирани откако Македонија доби независност во 1991 година. Филмовите на листата подолу се избрани според нивната популарност, меѓународниот успех, влијанието, перспективите и, секако, одличната кинематографија и креативност. Сите оние кои имаат Магента пакет на Македонски Телеком можат да бираат меѓу 43 -те достапни филмови за гледање.

Но ова се топ-10. македонски филмови што не смеете да ги пропуштите:

1. „Медена земја“ (2019)

Жанр: документарен филм

„Медена земја“ почна како нарачано видео за еколошки проект за уметноста на дивото пчеларство и се претвори во документарен филм кој освои три награди на филмскиот фестивал „Санденс“ во 2019 година. Ова е прв филм што некогаш добил три награди во историјата на овој престижен фестивал. Филмот ја доби големата награда на жирито (Grand Jury Prize) за најдобар документарен филм, а на снимателите Фејми Даут и Самир Љума им беше врачена наградaта за најдобра кинематографија (Special Jury Award for Cinematography). Документарецот го доби и специјалното признание од жирито за влијание за промена (Special Jury Award for Impact for Change). Филмот премиерно беше прикажан на фестивалот и веднаш потоа ја почна светската турнеја.
„Медена земја“ го отсликува животот на Хатиџе Муратова, одгледувач на диви пчели без никаква нарација, коментар или контекст. Сепак, пораката се добива уште од самиот почеток: „Една половина за мене, една за вас!“ е она што Хатиџе им го кажува на пчелите кога „позајмува“ од нивниот производ. Една реченица што ја формулира главната порака во филмот – суштинска и итна потреба да се одржува рамнотежата меѓу човештвото и природните ресурси.

„Медена земја“ не е комерцијален филм. Сепак, добива огромно внимание, а критичарите и публиката се воодушевени од него.

2. „Тајната состојка“ 2017 („Secret Ingredient“)

Жанр: комедија, драма

„Тајната состојка“ е одлично изработен филм со одлична глума и лесна приказна за следење. Филмот започнува во депресивно расположение што наскоро се претвора во комедија, за повторно да се врати во темна приказна поврзана со криминал и неколку навистина смешни пресврти и релативно среќен крај. Сепак, филмот не е формиран ниту според стандардите на мрачна комедија. Неговата уникатна содржина е добро поддржана со убедливата глума и режирањето. На Ѓорче Ставревски му биле потребни седум години од првиот пишан збор до премиерата на филмот.

Досега филмот учествуваше на десетици филмски фестивали низ светот и доби вкупно седум меѓународни награди. 

3. „Пред дождот“ (1994) („Before the rain“)

Жанр: драма, воен

Mилчо Манчевски е режисер кој ја стави македонската кинематографија на глобалната мапа со неговиот дебитански филм „Пред дождот“. Филмот беше номиниран за „Оскар“ за најдобар филм на странски јазик во 1995 година и ја освои наградата „Златен лав“ на 51. Венецијански филмски фестивал една година претходно. Освен тоа „Пред дождот“ заработи над 30 меѓународни награди и беше дистрибуиран во повеќе од 50 земји. Филмот беше хит во кината во Шведска, Италија, Турција, Мексико, Аргентина, Бразил и низ поранешна Југославија. Во американските кина заработи 763.847 долари, изненадувачки добра заработка за филм на странски јазик. „Њујорк тајмс“ го вклучи во својата книга „Најдобрите 1000 филма некогаш направени“. Филмот е дел од наставната програма на многу универзитети и во средните училишта во Италија и во Турција. 

4. „Бал-кан-кан“ (2005) „Bal-can-can“

Жанр: акција, авантура, комедија

„Бал-кан-кан“ е најпознатиот македонски игран филм во жанрот комедија. Ова е филм кој најмногу заработи во Македонија. Ова македонско-италијанско производство од 2005 година раскажува приказна за еден дезертер кој шета низ неколку балкански земји во потрага по неговата мртва мајка, која е завиткана во килим. Иако филмот е комедија, тој открива темни теми, како што се трговија со луѓе и нелегална трговија со органи. Ќе ве натера да се насмеете, но и да размислите за непријатните светски проблеми. Војната е војна дури и кога ја гледате од смешна перспектива.

Филмот беше официјално дистрибуиран во Русија, Велика Британија, Шпанија, Турција, Грција, Украина, Србија, Хрватска, Бугарија, Словенија, Босна и Херцеговина. 

5. „Големата вода“ (2004) („The Great Water“)

Жанр: драма, воен

„Големата вода“ е филмска адаптација на книгата на Живко Чинго од 1970 година. Филмот се занимава со страдањето на децата под комунистичкиот режим на почетокот на повоените години. Како што критичар на „Њујрок тајмс“ изјави, станува збор за тежок филм за гледање, но и тежок филм за заборавање. Покрај одличните перформанси од главните актери, филмот е фасцинантен поради одличната глума на детските актери (повеќе од 250 деца) како сирачиња.

„Големата вода“ ја освои „Големата награда“ на Филмскиот фестивал во Валенција и беше македонски предлог за „Оскар“ за најдобар странски филм на 77. доделување на „Оскарите“. Исто така, филмот доби одлични оцени од филмските критичари, како и од меѓународната публика.

6. „Џган“ (2016) („Аmok“)

Жанр: крими, драма

„Џган“ е дебитански филм напишан и режиран од Вардан Тозија. Филмот го прикажува животот на тивко и повлечено момче кое станува жесток лидер на банда тинејџери од малолетнички центар преку серија трагични настани. Филмот покажува дека никој не е роден насилен, туку се претвора во таков во неправедно општество.

Во филмот глумат професионални актери, но и млади луѓе што првпат се појавиле пред камера. Режисерот потрошил две години барајќи непрофесионален, природно талентиран актер за главната улога и успеа со изборот на Мартин Ѓоргоски. Иако тимот поминал години за да ја пронајде вистинската личност за главната улога, целиот филм бил снимен за 26 дена, а 2/3 од филмот биле снимени навечер.

7. „До балчак“ (2014) („Тo the Hilt“)

Жанр: акција, драма, историја

Малку стара училишна магија од култниот македонски режисер Столе Попов, чие име стои зад некои од најголемите филмски остварувања пред и по независноста. „До балчак“ е акционен-авантуристички вестерн-филм напишан од уште една култна македонска личност, писателот и драматург Горан Стефановски. Се занимава со парадоксите на животот на Балканот, мешање на митовите и антимитовите и суровите општествени околности во Македонија на почетокот на 20 век.

И покрај тоа што се смета за филм од западен стил, режисерот Попов објаснува дека „До балчак“ е антивестерн, нешто што може да се наречен македонски истерн. Според него, филмот ги руши бариерите во просторот каде што западната и источната цивилизација се преплетуваат со векови.

8. „Прашина“ (2001) („Dust“)

Жанр: драма

По големиот успех на „Пред дождот“, очите беа насочени кон следниот обид на Манчевски. Иако филмот се занимава со теми од Балканот, како и неговиот претходен филм, раскажувањето е доста поинакво. „Прашина“ е многу посаркастичен, смешен и непредвидлив филм во кој глумат Џозеф Фајнс, Дејвид Венхам, Адријан Лестер, Розмари Марфи, Николна Кујача, Ана Борше и Вера Фармига. Сцените беа снимени во неколку земји, вклучувајќи ги Келн, Германија, Њујорк, САД, Мариово и Битола, Македонија.

„Прашина“ имаше премиера на Венецискиот филмски фестивал во 2001 година и веднаш се појавија обвинувања дека филмот има политичка агенда. Неколку критичари го обвинија Манчевски за антимуслимански, антиалбански и антитурски елементи. Некои отидоа толку далеку што го обвинија режисерот дека зазема страна во тогашниот вооружен конфликт во Македонија, целосно игнорирајќи го фактот дека филмот беше снимен пред да започнат непријателствата. Иако некои критичари ги повлекоа своите првични изјави и филмот почна да добива одлични критики, штетата беше направена, па „Прашина“ никогаш не ја оствари широката дистрибуција како што се очекуваше.

9. „Илузија“ (2004) („Mirage“)

Жанр: драма

„Илузија“ е темна општествена драма со апсолутно никаква позитивна порака и без среќен крај. Мрачен опис на постнезависна Македонија, прикажувајќи ја земјата како место на очај, насилство и корупција. Филмот доби одлични критики од критичарите и има висока оцена на „Ротен Томејтос“ (82 отсто). Повеќето пофалби беа насочени кон младиот Марко Ковачевиќ за неговата главна улога. 

Главната филозофска тема во филмот е илузорната природа на надежда, потцртана со епиграмот на филмот („Надежта е најлошото од сите зла затоа што ги пролонгира маките на човекот“). Ако не сте песимист, тогаш веројатно не треба да го гледате. Сепак, сè во врска со овој филм е одлично направено, па би било штета ако не го гледате.

10. „Тајната книга“ (2006) („The Secret Book“)

Жанр: драма

Поради различни околности, филмот не успеа да добие пошироко меѓународно признание. Заплетот се врти околу мистериозна тајна книга за која се вели дека содржи автентичен преглед на богомилска доктрина. Богомилските идеи се ширеле во Франција и Италија од Балканот од бегалците во 11 век, со што станале основа на катарски ерос. Овој филм ја раскажува приказната на човек кој патува од родната Франција до Балканот и Македонија за да ги истражува корените на овој ерос и да го пронајде потеклото на оваа мистериозна книга.

Филмот нуди неверојатна кинематографија и одлична изведба од Тиери Фермонт и Владо Јовановски, како и кратката, но незаборавна улога на истакнатиот француски актер Жан Клод Кариер. 

Translate »